Коста Рацин. „Бели мугри“ ДЕНОВИ Како на вратот гердани ниски камена студени, така на плешки денови легнале та натежале. Денови ли се - денови аргатски маки големи! Стани си утре порано, дојди си вечер подоцна, наутро радост понеси, навечер тага донеси - ај пусти да е, пуст да би останал живот кучешки! Роди се човек - роб биди, роди се човек - скот умри, скотски цел живот работи за други, туѓи имоти. За туѓи бели дворови копај си црни гробови! За себе само 'ргај си, за себе маки тргај си - нижи се гердан денови, нижи се алки ковани, нижи се синџир железен околу вратот навезен! ПЕЧАЛ Нема ли живот, нема ли љубов за живот голема, љубов за живот човечна у вија гради аргатски! Нема ли срце - нема а ли срце - на срца срцето, срце - ширини широко, срце - длабини длабоко, цел свет да збере, па да е за вија гради малечко? Нема ли бел ден, нема ли ден да е над деновите, ден да е на аргатите - ден - сонце вишен високо, ден - море ширен широко; сонце да запре, да стои и времето загудено: срцето пука обрачи и плиска знаме алово, срцето што се отвора и шири ширно широко целиот свет да загрне! СЕЛСКА МАКА Покрај ниви, покрај лаки, покрај снискине брегови, вода тече - вода влече селски солзи, селски мака селски таги и јадови. Извор вода извираше, плодно поле наливаше - плодно поле род народи. Ноќи чума ли одеше, плод од поле ли береше - амбар селски пуст остана! Сонце светло ми светеше, гора ми се зеленеше - в гора пиле песна пее. Камен ли му в гради легна, стија ли го в коси стегна - срце селско - векот тажно! Кој ја сипе, кој ја роси таја слана што покоси по нивјето пшеници, по лозјето гроздовите? Та се житце не зелени, та се грозје не румени, та од пуста селска мака аир нема дур од века? ТУТУНОБЕРАЧИТЕ На кантар студен со туч го мерат можат ли да го измерат нашиов тутун - нашава мака, нашата солена пот! Од темни зори на утрини летни до никоа доба на вечери зимни тој гладно пие тагата наша и потга и крвта и снагата ни. Жолт - жолти прави лицата бледи, жолта гостинка у градите носи. По утрини росни, по мугрите пресни зачмаени ние го береме. Лист по лист кини лист по лист нижи лист по лист превртуј, притискај, лист по лист милно, таговно реди и на долга низа од капки пот надеж со клетва и зелена јад, со корав поглед на очите матни, по крвклите лисја жолтозлатни прикаска горка на живот клет нанижи безгласна а така јасна. Та незнаш ли ? Денот ли дојде тој да се мери - мерка му нема, а в градите длаби без да се запре, без дно да најде, не тага а клетва, и в очите матни и не сакајки сама се дига фуријата. Кантарот носи лисјето златно, а в гради луто далгите беснат на жолтата мака - на жолтиот тутун, на жолтата пот на раците ни! ЛЕНКА „Билјана платно белеше ...“ Откако Ленка остави кошула тенка ленена недовезена на разбој и на наломи отиде тутун да реди в монопол - лицето и се измени, већи паднаја надолу и усти свија коравo. Не беше Ленка родена за тија пусти тутуни! Тутуни - жолти отрови, за гради - китки розови. Прва година помина, грутка в срцето и легна: втора година намина, болест ја в гради искина. Трета година земјата на Ленка покри снагата. И ноќе кога месечко гроб и со свила виеше, ветерчок тихо над неа жална и тага реше: „Зошто ми, зошто остана кошула недоткаена? Кошула беше даровна ... “ ПРОШТАВАЊЕ На печалбарите Не ли ти кажав, не ли ти кажав, не ли ти реков на проштавање? Ич не ме чекај, ич не ме пекај; Белград е ламња, во Белград ја роб снага по туги палати оставам, снага во уста несити клавам, и дома - дома не ќе се вратам, не ќе ги пијам очите твои не ќе ја галам снагата твоја - далеку негде сувата рака по тебе, Вело, пустата мака пуста ќе остане ... Знам оти гердан веке не ни ѓе ѓе ; знам оти чеиз и ти не ве ѓе ѓе ; знам, Вело, пуста остана сичн ; не ли си и ти аpгaтка клeтa? Тутуни садиш, тутуни ниже ѓе ; тутуни таговнo у монопол реди ѓе ; ме споменуваш и ем си жалиш ѓeнoвu - крепu тeшки си реди ѓе - Величко, мори, другачкo златна! Но почуј, Вело, што ќе ти кажам! Не ми се, Вела, жали и клети! Подигни очи - очи засвети, онија очи, што душа горат! Тој што ни, Вело, однесе сичко - тој ни остави од темно темен веков за мака - но и за борба. Има ги вој свет како нас многу! И има, има - мачат се, копат, копачи копат по темнината, копачи копат и тунел дупат. И има, има - радост голема радост длабока во темнината: да светиш, Вело, жар да се стопиш - во борба гроб ти душа не зема! БАЛАДА ЗА НЕПОЗНАТИОТ Натаму - в поле битолско чемреe врба проклета - под врбата гроб незнаен, в гроб лежи војник непознат. Лежи од војна световна, лежи - и веке земјосал - силна го тага изела, задека туга загинал. Никој крај него немаше вишното небе врз него, земјата скришна под него - над гробот врба стушена. А таде - в гори зелени в сума гробишта лежеа, делии - одбор јунаци за татковината паднати. В полноќ се над нив дрвјата од жалба силна свиваа - горските бистри езерца силна светлина светеа. И од ним - самовилите една по една идеа - од гроб до гроб го дигаа јунак до јунак - на оро. И кога сите минеа покрај врбата стушена - делии се запираа, незнаен брат си викаа: „Ја стани, море, јабанец на оро со самовили! Зора се зори - петлите скоро ќе в село пропеат!" А тој од гробот тепкаше дума врз дума чемерна: - „Минете, браќа, врвете, не сум ви лика - прилика! Кој умре за татковина и за човечки правдини - каде вас, братко, не гинел, со вас до векот живеел. Вие му песна пеете, вие го с песна жалите - така се сите раѓате и така си умирате! А тука - зашто паднав ја? зошто ме куршум прониза, зошто ме земја притисна - за кога лудо загинав Кажете, браќа, кажете, Кажете - па поминете - мене ме ништо не дига, мојата смрт е - карасмрт!” Делии глави веднea, немеa самовилиге - тешко на тија, горко им така што гинат на војна! Немеa - туку петлите в селото веднаш писнаa - самовилиге в горите с делии в раци лиснаa! Пусто остана полето, пусто зазори зoрата - чемрее в поле вpбата, чемрее - тажи непознат. ЕЛЕГИИ ЗА ТЕБЕ 1. „Црнеј горо, црнеј сестро!..." Вчера си појдов, наминав низ таја гора зелена, под тија буки високи, по килим сенки широки. Одев со глава замаен, наведнат, мртов, зачмаен; одев со грутка на срце и каракамен на гради. Деј гиди горо зелена! Деј гиди водо студена! Пилците пеат - ти плачеш, сонцето грее - ти темнеш. Ако ги криеш коските на дели млади јунаци тука што лежат по тебе во тија темни дубрави - зошто ги таиш песните Зошто по тебе дрвјата и на дрвјата гранките и на гранките лисјата шумолат скришно таговно? 2. Таму горе на небото зора руди, земја буди, ден морави шири крила и алова точи свила, таму зора црвенее - мое срце ми црнее. Ископајте длабок бунар, извадете ладна вода, натопете лути рани да не горат, да не болат. Зоро златно и румено! Зоро слатка посестримо! Ти изгреваш на далеку - да ли еднаш ќе изгрееш силно, силно, дури милно над долови и над гори, над полиња и над реки, над мојата татковина? 3. Два брега - двата стрмнини. А од брег на брег танок мост. Под мостот вода морава - тече и мие ранава. Тече од векот вековит и нова и се по нова, тече, а тука маките се стари и се постари. Тече и влече со себе сичко што стои пред неа, а на брегови животот чмае у троскот зараснат! Течи си водо студена! Течи си - рони брегови! Течи - и нам низ срцето не ли и крвта ни тече? 4. Скотски е, скотски живот аргатски у темно зазидан, до скот сме сниско попритиснати на овој свет убав. Кој ви ги скрши белите крилца, крилца на галаби бели? Кој ни замати извори бистри, извори на души чисти? И кој раздвои, и кој раздвои човек од човек со зид? И кој паправи, и кој направи човек на човека роб! Та човек од човек да страда и тегне и бега од лулка до гроб! 5. Ти да знаеш, паметуваш и ем да си на ум имаш - работник си - и работник ти ќе паѓаш и се дигаш. Луњи ли ќе пусти дојдат, солнце ли ќе јасно грејне патиштата, патиштата пред тебе се на борбата. Како смртта вечна што е, така борба долго трае. Но од смртта е посилна по патиштата борбата! 6. Исцедете, ограбете пот и труд и меса голи, уста пуста затворете, да не каже оти боли. Очи црни ископајте да гледајат не давајте, раци машки прекршете, срце лудо наранете. Угасете и светлини! Мрак да биде - каракамен. Има, има - в темнината нешто живо пак да свети: има болка на душата, има души наранети. Болка боли - болка гори, болка пече, душа мори. А болката кога свети - тешко, тешко, тешко клети! УТРОТО НАД НАС Од далеччините модрй се веат на сонцето златните далги, од далеччините модрй се леат на утринта росните влаги. По долги, меки ширини рамни магла се тенка крева, по селата мали - заспали шумоли скришно врева. Шумоли в срце тага налева за црноземните робја, шумоли скришно за мртви полја, за села и градови - гробја. Ех, тија долги ширини рамни! Ех, таја мака пуста! Мртви и темни сурови гламњи, скршена гранка маслинка! По тија пот се човечка дими и снага крвава цвили, по тија радост никога нема а сонце радосно има! Но тија росни утрини пресни копнат во гради и тлеат. Копнат и како бура пеат и како огин палат. ТАТУНЧО На Бана Не ме колни, не ме жали! Не ми нижи низа клетви! Камен тежок живот ми е, а по тежок одзив пусти по народни думи свети! Ако кука не направив со високи шимшир порти, кука цел свет братски ми е, братски срце што отвора, срце - порта највисока, срце - кука најширока. Ако жена не донесев, ѓул - трендафил во одаја, верна, добра млада љуба - не ме колни, не ме жали: во борбата другарката солнце сјае, солнце трепти! Ако млада си години по друмишта, по патишта в младос горка распосејав - погледни ми право в очи: ти ли беше што пееше „Ајдутин мајка ме рани ... “ И ако не умрам дома, туку кај што стии пиштат, в борба искри кај што л'штат блазе, речи, на сушата - има зошто душа да е! НА СТРУГА ДУЌАН ДА ИМАМ ... „Занает е златен ...“ Народна пословица 1. Изгори, мерак, изгори, изгори - пепел се стори! Сал не скоривај ѓадови на стари, добри мајстори! Времиња тешки доѓова, уште потешки прокуди; од ден на ден се умира душа бере с години. Не пеј песната страда лна - в гората капат лисјата, водите течат - ронат брег и влечат млади јaсики. Чаршиите изумреа, дуќаните запустеа - пропадна сичко, прокопса занает златен - 'рѓоса! 2. Ние имавме чаршии и рој - кошница пазари и ред ведени маази полни, преполни со стока. Слегнеш ли долу в чаршија, минеш ли покрај дуќани - пукот и врева - работа и алтан полно чекмеџе! Сами ковавме кондури, правевме бочви, мотики, с нашите раци мајсторски дигнавме бели градови. Кој ни ги срина, кој ни ги очумаве градовите? Кој ни запусте, затвори дуќани, куќи високи? 3. Наквечер дојди, наквечер наквечер - в прва темница, мини го прагот раскапан, влези во трошна одаја, на миндер седни накривен со каракамен на гради: каде е, каде радоста, каде е куќа весела? Штамата чмае, штамата дебнее пуста проклета, како ли, боже, чумата в косите сичко стегнала. По сокаците чекорат кондури с клинци ковани, шгамата сечат с ножови и пијат вино румено. А в бафчи трендафилите слушаш ги - со темницата шепотат севда без мерак, шепотат - златни времиња! 4. Прикаски си останаа старите бочви со вино! Прикаски болни, таговни грутки во срце снеговни! Раскапани, бугосани со обрачи, 'ргосани, по темни изби мемливи ријат ги црвци смрдливи. Никој не кова, не прави старите бочви големи! Старите бочви - преполни со рујно вино црвено! И ноќе - слушаш! - баботат по бочвите сајбиите! Деца се плашат - бегаат сништа за стари времиња ... 5. Банки дигнаа палати, распнаа мрежи широки, банки дигнаа палати и кули тенки, високи: нагоре кула висока, надолу земја длабока. Од сичко носат кајмакот, од потта цедат го сокот; од сичко носат кајмакот, маката нам оставаат! Банки дигнаа палати, банки на нови имами, кондури други коваат, с мотики гроб ни копаат - пајдоса, златен, 'ргоса нашиот чесен занает! 6. Ај на наломи излези, бело Фиданче писано, прошетај долу в чаршија кога седам на кепенци! Ако со око погледнам, око е - да го ископам; ако со рака посигнам, рака е - да ја исечам. Но ако срам ме залиса, оти сум жив а закопан, кажи ми, кажи, Фиданче, кај да се кријам со лице? Мајстор бев и устабаша, мајстор бев - станав чираче: за борч продадов дуќанот - с две раци сум, и тија две скапаја се без работа! 7. Тешката тага, тешката, тешката тешко засвири! Севда е тешка, голема, уште потешка прокуда! Наточи вино крваво! Наточи на вересија! Донеси да ја коваме на Крали Марка сабјата! В горите лисја капале - в избеите веди м'скајат! В поле над млади јагнца ножеви остри л'скајат. На Струга дуќан да имам, на кепенците да седам, да видам, само да видам и на кепенкот да умрам! КОПАЧИТЕ Се к'ти нонта црна Се рути карпа - мрак! И петли в село пеат и зората се зори - над карпа в крв се мие и темнината пие силно светнал ден! Пробудете се, морни копачки и копачи - на трудот црн народ! Со мотика на рамо за корка сува леб, по патиштата стрмни, по полињата рамни, у вивналиов ден - да тргнеме и ние страдалници од век! На деда Богомил земјата рофка, мека, набабрена за род, со страдна душа чека ударите ни јаки со мотиките остри по троскот пелин трат! На работа! На труд! Да прокопаме меко полинатa родни, афион, тутун, житце да родат благородни. И по кривите вади да пропустиме води за оризите млади и зелени лободи. На работа! На труд! Да роди род богат! Да бликне живот млад! На пепел троскот, пелин во огин пламен јад! Жилите да пуштат корења длабоко, плодови да бликнат високо, високо слободно на воздух! Ораме со рало, но земјата ни златна колку е богата! На пепел троскот, пелин! Во огин пламен јад! Да престане, да снема тагата голема за голиот живот на човек станал - скот. И в таја мугра пресна да екне дружна песнa на дружните удари - да бијат срца млади и растат силно гради пребликнати со јад! Од сички маки тешки не видовме бел ден, а од солзи жешки не стануе меден нашиот живот! На работа! На труд ! Та не сме саде ние, та не сме саде тука - ние сме по цел свет безбројни милиони, на трудот црн - народ. Да биде честит денот и првата ни стапка у првиот ни век! Ќе мине силен ек ќе б'сне сонце златно - по секаде на светот ќе згине срамно гнетот - ќе л'сне живот нов! И реки ќе потечат и бреме ќе одвлечат на вековита смрт! Реките од живи и пробудени сили на копачи копачки и страдни голи гладни по целата земја! Се к’ти ноќта црна! Се рути карпа - мрак! И петли в село пеат и зората се зори - над карпа в крв се мие и темнината пие силно светнал ден! САНДАНСКИ - поема- I Од село бил. Сиромав. За маки селски тој знал и за борби селски - од мал. Со шупелка свирел и овца пасел и замаен - често слушал: ветерот веел гора лулеел и в буки чести ајдучка песни пеел ... Пирин Планина, ајдучка мајка, со млеко го прва доила; Пирин Планина, ајдучка мајка, за борба го прва учила! Со шупелка свирел и раенал орел - Ел Тепе гордо на Пирин бел - со шупелка свирел и овци пасел и дете уште - видел: Татко му бајрактар по Пирин Планина ајдучко знаме развел, од Кресна и Разлог народот селски на борба повел ... А после прокуден од тиранин проклет оставил в пепел мајчин кат, и скитник со свои по белиот свет, се приобрал пролетер в далечен град. И с чеканче в рака - од мугра до мрак - тој клинци на кондури ковал, и в горки неволи на живот недраг през огненни сништа сновал. Живеал в маки и кална пот сред ропство и срам и дни безнадежни, но орел сам - сред тој живот тој назрел висини и врвови снежни: распалил гради и в занос цел, Чернишевски, Писарев, тој жедно чел. И в бујна младост за Гоце узнал, за дело народно свето, тој следел по стапки му верен другар - живот и смрт за делото дал. И срамно намразил ропство, мрак, и смртно заљубил Родина, тој вивнал, на ропство згазил, трпнал титан по Пирин Планина. Во секое село, во секој град го знае стар и млад: Сандански - цар Пирински! По Разлог и Банско, Неврокоп, Среско царство му ширно - слава голема што цар ниден ја нема: на сето робје е мајка, за душмани е - стра, трепет! На бој ли тргне - ала се крева и веда м'ска и змија с'ска. Битка ли бие - луња се вие! Срце му топла пазува братска за секој под гнет и јад: рисјанин, Турчин, Грк и Вла - за него е равен брат. А рака машка веда е лута што паѓа над тиран клет, слаб да поткрепи, прав да одбрани, да одмазди зло - за зло. ДО ЕДЕН РАБОТНИК Да бидеш човек, да имаш топла крв, да мислиш со глава и работиш со рака и па да бидеш нешто мртво. През цел свој живот и ден и ноќ да се трудиш и мачиш и па да бидеш гладен и страден. Работник - патник: да немаш ништо, да страдаш за сичко, ти и твоите браќа да праите се! Палати да праиш, да живееш у изѓа - од лулка до гроб да бидеш роб. Од вашата мака да живеат друзи! О братко! Плукни на таков живот! Со браќата твои, со маката ваша спронете го овој свет и нов направете - братски! ВАТРОМЕТ Загонетно огрнут плаштом Дух Свију Ствари застаје у ходу тајанством покропљени пуги дијалектички скречу улево: злокобно штрче мртви димњаци фабрика у небо, злослутно умукле пискаве сирене и локомобиле, динамо - машине и волта - метри - укочено стали. Лагано попут немог трзаја сунцосмираја наступа апокалиптична ноћ, и невероватно! као облачна сен плази поврх свију ствари неумитна Противуречност, обарајући мамутском снагом громобране света! Противуречност! Педесет милиона скапава од глади, а свет се дави у изобиљу, педесет милиона је сувишно за ову планету и они се могу селити на Марс, на шести и седми континенет само не овде, само не у порама грбаве планете Земље где је стопа свака мета профита бога злата или овде где срж балканске земље сише француско злато! Све су ствари постале коначан чвор! Небом се титрају одблесци далеких пожара, тресе се грбава кугла - дубоко закопана у потсвести тиња и цепа мозгове оријашка мисао Коначне Промене, коначног Расплета и великог Разрешења - гле! из пушливих предграђа не избија филантропска строфа, већ мржња! Подмукли тресак тутњи махнито - коначан Расплет динамитском чежњом завршава предисторију света овамо! синови челика великих коксових пећи, децо земљине утробе и огромних динамо – машина - овамо неимари! Минирана је сабласт бога Тишине и Реда, господин бог се дави у златном грчу, На Стриту је паника - величанствен ватромет противуречности открива вам пут давно сневаног континента, немоћан је стари бог за нове ствари и нови ред и пао је у дијалектичку клопку - неимари на кормилу право на шести континент! Беда окреће своју другу страну - какaв тужаљка, ритам или плач! Гори! Небо гори! Крваре небо варнице чудесног ватромeта, на истоку пуца праскозорје, свиће - на гаришту горућих противречности стоји путоказ - и ћиновни Човек мишицом, гвожђем и муњом гради - Нови Свет! Гледајте! Гледајте! Отворите очи, уши и уста! Овамо мишще умови, прецизна мисао - смелост! То није да небо у задњим одблесцима сунца перверзно крвари, то нису водена огледала и сличне измишљотине беспослених будала, то је агонија једног умирућег реда ствари, ломљава и крах, тајанствено знамење вапијућих за променом и свеобухватно откупљење у нама самим, ван нас, последњи пут за увек! Гледајте! Свиће у противуречностима